Македонија

Дали претседателот на Синдикатот на Водовод со службени возила разнесувал пици?

Дали претседателот на синдикатот на Водовод, чиј отказ веќе втор ден ја бранува јавноста, ја злоупотребувал положбата како раководител на одделението за обезбедување?

Извори од Град Скопје за Канал 5 брифираат дека Стојанче Кашиковски ги користел службените возила на претпријатието за да разнесува пици од пицеријата на претседателот на ССМ, а службите го откриле преку нивниот GPS систем. Кашиковски категорично ги демантира ваквите наводи.

„Апсолутно не е точно, а податоците кои што се дадени во јавноста за користењето односно за следењето преку GPS ја нарушуваат безбедноста бидејќи, меѓудругото, јас сум раководител на одделение за обезбедување во јавното претпријатие Водовод и канализација. Значи со тоа е нарушена безбедноста за водоснабдувањето во Град Скопје.“

Директорот на Водовод, Марјанче Митовски, пак, не одговори на повиците и пораките за да ја потврди оваа информација. Тој го отпушти Кашиковски од претпријатието со образложение дека не извршувал работни задачи додека користел годишен одмор. Кашиковски најави дека ќе го искористи правото на приговор и жалби на ваквата одлука.

ССМ и опозициските партии од градскиот совет реагираа дека според закон и колективен договор, претседателот на синдикатот не можел да биде избркан од работа во период кога е отпочната постапка за штрајк.

 

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.