ЗанимливостиСвет

ДАЛИ МОЖЕ ДА СЕ МЕШААТ РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ ВАКЦИНИ ЗА ПРВАТА И ВТОРАТА ДОЗА – во Британија тоа го испитува голема студија

Една студија која разгледува дали вакцините протв коронавирусот на АстраЗенека и на Фајзер можат безбедно да се мешаат, односно првата и втората доза, ќе биде проширена, за да вклучи и две дополнителни дози, пренесува ПА.

Истражувачите кои ја спроведоа студијата Ком-Ков, лансирана во февруари, за да ги испитаат ефектите од првите две дози што ќе се прошират низ Велика Британија, објавија дека програмата ќе биде проширена за да ги вклучи и вакцините Модерна и Новавакс.

Предводена од Универзитетот во Оксфорд, дополнителното истражување ќе се обиде да регрутира возрасни на возраст над 50 години кои ја примиле својата прва вакцинација во последните осум до 12 недели.

Метју Снајп, вонреден професор по педијатрија и вакцинологија на Универзитетот во Оксфорд, кој е главен истражувач на оваа студија, рече: „Во фокусот на оваа и на оригиналната студија Ком-Ков е да се истражи дали може да станат достапни се повеќе вакцини против ковид 19, со цел вакцинацијата да оди пофлексибилно, при што би се користеле различни видови на вакцини за првата и втората доза.

„Ако можеме да покажеме дека овие мешани распореди генерираат имунолошки одговор што е добар како и стандардните распореди и без значително зголемување на реакциите на вакцините, ова потенцијално ќе им овозможи на повеќе луѓе побрзо да го завршат процесот на имунизација против ковид 19. Ова исто така ќе создаде еластичност во системот во случај на недостиг на достапност на која било од вакцините што се користат“, изјавил Снајп.

Волонтерите, кои ќе имаат добиено или АстраЗенека или Фајзер вакцина, ќе бидат распределени по случаен избор за да примат или иста вакцина за нивната втора доза, или доза од вакцините произведени од Модерна или Новавакс.

извор Гардијан



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 10:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.