ВЕРСКА РИЗНИЦАКолумни

Да тоа е точно дека некои се уште молчат кои се под канџите на владика Петар и Тимотеј кои управуваат со никои од храмовите, ама ние не

Христос Воскресе!
Ви го прочитав постот во врска што дијаспората ќе бакнува раќа на грчки владика, ние тоа го предвидовме многу од порано, па така Македонската Вистинска Православна Црква за Австралија ( Задгранична) беше оппочната уште од 2016та година за да се заштитат македонскиот идентитет, јазик и македонскиот карактер на богослужење. Да тоа рочно дека некои се уште молчат кои се под канџите на владика Петар и Тимотеј кои управуваат со никои од храмовите, ама ние не. Нашата црква преку моете смирение посланица беше напишана и оздадена во врска со овој и предупредување на сите македонски верници во Австралија за новата создадена ситуација од Синодот на МПЦ ОА, а сега само “Охридска Црква”.
Ќе за молиме да бидете по конкретни во вашите постови видејќи три парохии во Аделаид, Перт и Мелбурн не се согласуваат со оваа само уништувачка одлука.
Ви ја праќаме и посланицата на Првиот Архиреј на Нашата сѐ македонска задранична православна црква…
Поздрав и Благослов

Возлубени чеда во Воскреснатиот наш Господ,
“Не скршнувај ни десно, ни лево; оддалечи ја ногата од злото” (соломонови Изреки)
Додека би сакале да воскликнеме од радост што древната Охридска Архиепископија е во заедничарење со Констинополската Патриаршија како што се извести денес, но со длабока жал сме принудени да го направиме спротивното. Иако сме уверени во заедничарењето со помеснитете цркви како што прилега на една Христова Црква но сепак тоа да е без компромис или пак бес само уништување.
Со ова можеби нашите православни браќа и сестри во Македонија би биле зедно и примени во светата екумена, но за жал нашата богодарувана Македонска Вистинска Православна Црква за Австралија – (Задгранична) чустува голема тага за македонскиот древен народ кој е под пастирстовото МПЦ ОА, уште еднаш повторно е угнетен, изневерен и трампан за некои лични цели од страна на нејзините архереи иако имаат една важна улога да го негуваат и да го штитат македонскиот едентитет и етничка определеност како нивните предходници. Воедно да бидат чувари на нашиот идентитет и истовремено на нашата вера што нам ни беше дадена од Светиот Апостол Павле и сочувана од светите солунски брака Кирил и Методиј и нивните ученици. Но со овој свесен потег, со трампањето на нашиот историски идентитет за некој си Синодски акт дoкумент издаден од Констинополската Црква која истата ја поништи оваа древна Архиепископија за време на турско ропстово, а сега ние пак самите бараме и ветуваме да се поништиме со бришењето на придавката “македонска” или пак географското подрачје “Македонија”. Па така, Во актот е запишано дека самите архиереи на МПЦ ОА ветуваат дека нема да се користи придавиката “македонска” или пак македонската држава во именување на нивната црква. Тоа историско богатство што таа го носела низ вековите за време на окупација, насилство и негирање на нашиот македонски народ ќе се поништи и умаловажи сето тоа за тос што го штитела и чувала истата. Додека другите сестрински цркви слободно без никакви услови можат да се именуваат според нивната национална определеност насекаде каде што имаат јуриздикција а пак кутриот измачен македонски божји народ, нивната мајка црква но повеќе макеја не ќе го има истото право.
Па затоа, нашта Задгранична Света Црква верува дека македонската дијаспора треба да се огради од оваа одлука за да си го сочува црковното богаство, идентитетот, храмови и Македонското патство поготово овде во Австралија и надвор од Република Македонија без разлика под која црковна јуриздикција припаѓаат, бидејќи сега се наоѓа во една опасна околина. Сето тоа што македонските иселеници со децении граделе и штителе ќе биде умаловажено и дури заробено од страна на Констинополската Патриаршија која што сигурно ги нема истите цели и таа вистинска мајчинска љубов.
Ние, нашата црква во дијаспората сме горди и благодарни н нашите татковци и прадедовци кои ни го предале нашиот идентитет па така слободно да се именуваме македонска и како македонци и да живеме и да го проповедаме евангелието Христово во добро соседство со дргите народи.
Нашата Света Задгранична Црква, сме запознаети за тешката позиција во која се наоѓатат преговарачите. Но сепак, да посочиме како што е запишано во Светото Евангелие според Матеја “слободно добивте, слободно давајте” (Матеј 10:5) па така ова треба да им служи за инспирација на истите за да не биде на продажба македонскиот идентитетот за едно ливче хартија каде што идните генерации ќе се најдадат осиромашени и оштетини од нивните предци.
По молитвите на нашите рамноапостоли македонските и сесловенски свети браќа Кирил и Методиј и нивните ученици светите Климент, Наум, Сава, Горас и Ангелари нека нашиот Воскреснат Господ Бог го упати својот народ македонски кон патот на вистината и утвредувањето во Божјата нива.
Со љубов во Воскреснатиот Христа,
+ Митрополит Серафим
австралиско ново-зеландски
Нема опис за фотографијата.Нема опис за фотографијата.


Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.