Живот

ДА СОСТАВЕШЕ ВЛАДА ВО 2016 ГОДИНА, ДЕНЕС ЌЕ СЛАВЕШЕ РОДЕНДЕН КАКО ПРЕМИЕР

Да составеше влада во 2016 година, денес ќе славеше роденден како премиер

Да составеше влада во 2016 година, денес ќе славеше роденден како премиер

Денеска му е роденден на Никола Груевски, тој е роден во Скопје на 31 август 1970 година. Да составеше влада на последните парламентарни избори во 2016 година, денес ќе го славеше роденденот како премиер.

Тогаш коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеник, а коалицијата предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев 49 пратеници. Клучни за состав на влада беа пратениците од ДУИ, 19 пратеника предводели од Али Ахмети. Еве што пишува Википедија за Груевски:

Никола Груевски (р. 31 август 1970, Скопје) — македонски политичар. Тој бил министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.

Во ноември 2018 година избегал во Унгарија каде што има побарано политички азил од тамошните власти откако требал да одлежи 2-годишна затворска казна во Македонија.

Никола Груевски е роден во Скопје на 31 август 1970 година. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради во Егејска Македонија, денешна Република Грција.

Тало е доктор на науки на Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет при Скопскиот универзитет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на Република Македонија Јордан Мијалков.

Груевски основно и средно образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола во 1994.

Се здобил со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност во 1996.

Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје.

Потоа продолжува како управник од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза.

Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 12 декември 2006. Груевски бил во брак со Сузана Арбутина, од која нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се оженил со Боркица Груевска (моминско презиме Манчева), со која имаат две деца.

Кон крајот на 1999, Груевски е назначен за министер за финансии на местото на Борис Стојменов во владата на Љубчо Георгиевски.

По иницијатива на Груевски се интензивира процесот на денационализација на национализираниот имот во периодот 1945-1990.

Има имплементирано финансиски реформи меѓу кои воведување на данокот на додадена вредност (ДДВ), воведувањето на фискалните сметки, кампањата „Купувајте македонски производи“, брендирана преку логото со насмеано сонце. Списанието „Форум“ во 2000 година го прогласи за „Човек на годината“ и го вброја меѓу десетте најпосакувани ергени.

ВМРО-ДПМНЕ победи на парламентарните избори во 2006 година. На 25 август Груевски ја формираше новата Влада, во која клучните министерства ги зазедоа лица на возраст од 30-тина години.

На предвремените парламентарни избори во 2008 година, победила коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, што беше нивна втора изборна победа по ред, добивајќи повеќе од половина од пратеничките мандати во Собранието на РМ. Тој направи коалиција со ДУИ.

Во мандатот на Груевски се воведе концептот на рамен данок, а обемот на странски инвестиции во периодот 2007–2014 бил 277 милиони евра по година.

Просечниот економски развој во периодот 2007–2013 изнесувал 2,6%, додека невработеноста се намалила од 36% во 2006 на 28% во 2014.[2] Остварени се мерки за подобрување на бизнис-климата, поради што „Дуинг Бизнис“ во 2015 ја рангираше Македонија на 12. место во светот по тој критериум.

Во време на Груевски се вовело задолжително средно образование, и се отвориле два нови државни универзитети и над 20 државни факултети.

Неговиот предлог за воведување „државен испит“ на факултетите предизвикал масовни студентски протести кон крајот на 2014, бидејќи студентите сметале дека власта ја загрозува универзитетската автономија.

Спровел мерки за подобрување на земјоделството, при што субвенциите за земјоделството тројно се зголемиле во периодот 2008–2015. И покрај овие мерки, во овој период двојно се зголемил увозот на храна и материјални добра.

По параментарните избори во 2002 година, во ВМРО-ДПМНЕ следува период на внатрепартиски превирања, после кои Груевски е избран за лидер на партијата, заменувајќи го дотогашниот претседател Георгиевски.

ВМРО-ДПМНЕ ги загубила претседателските избори во 2004 година, по што на партискиот конгрес во хотел „Панорама“ се случил вооружен инцидент и обид за смена на Груевски од челната позиција во партијата.

ВМРО-ДПМНЕ освоила двојно помалку градоначалници од владејачкиот СДСМ на локалните избори во 2005, по што Груевски изјавил дека имало „многу нерегуларности во некои општини“ за време на вториот изборен круг.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во февруари 2015 објавил дека Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) по наредба на Груевски и Сашо Мијалков повеќе години незаконски прислушувала над 20 илјади граѓани.

Во дел од снимките, Груевски наредил рушење на објектот „Космос“ поради политичка одмазда кон бизнисменот Фијат Цаноски. Во друг разговор, Груевски нарачал претепување на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, како и демолирање на општинската зграда.

Груевски преку МВР тајно купил луксузно возило „Мерцедес“ од 600 илјади евра, како и плац на Водно со површина од 11 илјади квадратни метри.

Американскиот весник „Вашингтон пост“ во 2011 го портретирал Груевски како корумпиран и моќен „популист“ кој се пресметува со независните медиуми.

Груевски бил критикуван во извештаите на Европската Унија за непочитување на слободата на медиумите, независноста на судството и на политичкиот дијалог.

„Утрински весник“ по излегувањето на содржината на Викиликс објавил дека владата на премиерот Груевски и неговите блиски соработници системски го користеле правниот и репресивен апарат на државата за да ги исклучат политичките неистомисленици.

Во извештајот на германскиот правен експерт Рајнхард Прибе од мај 2015 забележано е мешање на власта во работата на судовите, индиции за изборен криминал, како и незаконско богатење на владини функционери.

Наодите на Прибе, како и прислушуваните материјали доставени од опозицијата, биле основа специјалното јавно обвинителство (СЈО) да покрене кривична постапка против министри од владата на Груевски за изборни местенки.

Целиот текст прочитајте го тука.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.