Занимливости

Да не бидеме негативни, после сомнежите за инволвираност во Жолтата куќа, добро е што само парите на граѓаните настрадале.

Да не бидеме негативни, после сомнежите за инволвираност во Жолтата куќа, добро е што само парите на граѓаните настрадале.

Фотографија на Јована Мојсоска.

ЌЕ ИМА ЛИ ОДГОВОРHOCТ ЗА CMPTTA НА 41-ГОДИШНАТА БEPOВЧАНКА

Почна со работа Комисијата за стручен надзор на случајот на 41 годишната беровчанка Руменка Довичинска, која по компликации од Ковид пред 10 дена почина на штипско инфективно.

Од Лекарската комора од чии членови е составена комисијата велат дека потребно е време за целосно да се проучат протоколите и начинот на лекување. Други детали не откриваат, велат резултатите ќе ги објави Министерството за здравство, кога извештајот ќе биде готов.

„Ние немаме обврска да даваме информации до каде е постапката во врска со стручниот надзор. Може да кажам само дека е одредена комисија, но потребно е време за членовите квалитетно да си ја завршат работата, ни кажа д-р Калина Гривчева Старделова во краткиот телефонски разговор за ТВ 24

Извештајот го чекаат и од штипската болница. Во меѓувреме е направена нова организација на инфективно и зголемен е бројот на медицински кадар кој работи на одделението.

Притисокот на здравствените установи расте. Само вчера во регионот што гравитира кон оваа болница се регистрирани околу 150 нови позитивни на корона вирусот. Половина од 56-те хоспитализирани во моментот, се пациенти со тешка клиничка слика. Во функција ќе бидат ставени уште 6 кревети од интензивната соба на кардиологија, но тие ќе бидат наменети за пациенти во искучително тешка состојба.

Денес штипската болница доби ново амбулатно возило од Амбасадата на Германија во соработка со невладината Фондација за развој на локалната заединица-Штип. Со него болница сега има три комплетно опремени амбулатни возила и уште три кои не се целосно опремени но се корисат за потребите на болницата.



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 21:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.