КолумниТОП

Да Дани ти си нашето сонце! Скопје денес го огреа сонце. Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг

Скопје денес го огреа сонце. Денес скопјани ја донесоа големата победа во Скопје за водство во првиот круг. Голема победа која покажува дека во Скопје е време за промени. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје. Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени со иста цел – ќе успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење.
Изразувам голема благодарност до сите вас кои ја поддржавте мојата визија за современо и модерно Скопје, но и до вас кои што ја исполнивте граѓанската должност и демократското право и излеговте на гласање.
Денес е нов почеток на следниот круг на избори и затоа тука не смееме да застанеме, потребна ни е промена веднаш. Ве повикувам во вториот круг да излезете во уште поголем број сите вие кои сте незадоволни од градоначалникот во заминување, затоа што Скопје и скопјани не треба ниту ден повеќе да живеат во нечистотија, сообраќаен и урбанистички хаос.


Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:30 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.