Колумни

Д-р Никола Пановски жртва на интернет реклама: Не рекламирам чај за паразити, арам да ви е платата МВР, УЈП, МАЛМЕД

Епидемиологот проф. д-р Никола Пановски на својот профил на фејсбук објави дека е жртва на интернет реклама и демантира дека рекламира чај за паразити, лек или лековито средство.

Тој е револтиран од институциите во држвата што со години не преземаат ништо против лажните реклами во интернет просторот.

Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек или лековито средства, вели д-р Пановски.

Тој во статусот на фејсбук објаснува дека на интернет се видел со слика и со текст.

Еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени. Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении. Јавно лажат!, пишува д-р Пановски.

Тој објаснува дека овој тренд трае со години, а институциите во државата не мрдаат со прст да ги казнат.

Ова трае со години, на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин. Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП,МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР. Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие криминалци, што е проблемот? Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!, пишува д-р Пановски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.