Занимливости

Д-р Дејан Докиќ проговори за Ивермектин: Сè почна во Австралија, а потоа 11 студии ја потврдија делотоворноста

OД ДЕНЕС ДОСТАПЕН ВО АПТЕКАТА НА СИСТИНА БИЛ

Споменувањето на Ивермектин во Мaкедонија, почна некаде при крајот на летото 2019 година, кога Марјан Божиновски доктор на технички науки од Aalborg Universitet во Данска, во списанието „Емитер“, како и на својот профил на социјалните мрежи, информираше дека е пронајден лек кој може да биде ефикасен во третман на ковид-19, но и како превентива.

-Човештвото е во очајна потреба од безбедно премостување на овој тежок период на пандемија до целосна вакцинација на светското население.

Би било идеално кога би постоел безбеден, ефективен и ефтин лек, по можност во форма на апче и којшто лекарите би можеле да го препишуваат на пациенти веднаш по добивањето на позитивен тест и тоа за терапија во домашни услови.

Кога таквиот лек би ја намалил стапката на хоспитализација за 5-10 пати, а со тоа пропорционално и стапката на см ртност, ризикот од инфекција со SARS-CoV-2 би се свел приближно на ризикот од сезонскиот грип.

Со задолжителна доза на скептичност и претпазливост, можеме да констатираме дека веќе постојат меѓународни сознанија за комбинирана терапија со два или три лека којашто дава извонредни резултати.

Се работи за лекот ивермектин како основен носител на терапијата заедно со антибиотикот доксициклин и евентуално дополнета со суплементот цинк.

Божиновски потоа, беше поддржан и од нашиот најпознат епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски, кој исто така сведочеше за позитивните студии кои беа направени за овој препарат.

Во гостување во емисијата „Јади бурек“, кај Јанко Илковски, професорот доби прашање и околу Ивермектинот, на кое одговори:

-Ремдисивирот и Ивермектинот се антипаразитарни лекови, но за разлика од Ивермектинот, кој е ефтин лек и според мене многу поефикасен од Ремдисивирот, тој се дава помалку. Не знам зошто е тоа така, студии се правени за двата препарати, но навистина не знам зошто е Ивермектинот потценет, според мене неправилно, рече Даниловски. Јас би го давал на пациенти.

При крајот на минатата година, министерот Филипче соопшти дека лекот Ивермектин ќе биде одобрен и ќе може да се препишува на пациенти. Тоа требаше да се случи минатата недела, но поради технички причини, лекот се уште го нема во аптеките.

Најверојатно следната недела, на граѓаните ќе може да им биде препишан и да го купат.

Денес во гостување на Сител телевизија, околу Ивермектин и своите сознанија во врска со препаратот, проговори и нашиот најпознат пулмолог, д-р Дејан Докиќ.

Според д-р Дејан Докиќ, научниците во Австралија капнале течен ивермектин на заразено ткиво со САРС-Ков2 и тој успеал да го забави размножувањето на вирусот за 5.000 пати, во 48 часа. Тој вели дека потоа 11 студии го потврдиле дејството на лекот, а во моментот се чекаат резултати од уште 62 испитувања.

– Тој се зема во три случаи… Превентивно, за здравствени работници, војска или други, кои имаат контакт со заболени секојдневно и тоа 0,2 мг на килограм телесна тежина неделно.

По контакт со заболен од Ковид-19, и тогаш треба да се земе иста доза истиот ден кога сте дознале за контактот, а 72 часа подоцна земате уште еднаш.

Ако сте заболен од Ковд-19 тој лек се зема два дена по ред, во иста доза – рече д-р Докиќ во гостувањето во ТВ Дневникот на Сител.

Тој смета дека тоа е лек и треба да има контрола, односно треба да се издава на рецепт.

–Матичните се први кои доаѓаат во контакт со заболените, и може да им го препишат на своите пациенти. Не смее пациентите сами да можат да го земаат лекот – категоричен е Докиќ.

Лекот ивермектин некои наши граѓани го набавуваа од соседните земји, кога слушнаа дека помага кај заболени од корона вирус. Потоа, беше одобрен од надлежните



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 08:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.