Живот

Често фантазира за Лила Филиповска. Чезнее. Копнее.

-Со јазик ја шета чечкалицата од лев во десен агол на уста. -Со малото прсте вади ушна маст, копа нос и отвора сметка за струја. -Секое утро се бричи. -Ставил 450 литри црно и 450 литри бело вино. Да има. -Десната рака на волан, левата низ прозор до лакат. -Го шалта од 4та во 2ра БМВ-то со бугарски таблици. -Може да испие гајба пиво ама преферира шприцер.

-Омилена песна: Koliko plavo nebo je – Serif Konjevic.mp3 (3та на ЦД-то)

-Филмови не гледа. -Не игра по свадби. -Последно плачел на 4 години. -Се оженил на 19. -Во кабината од шлеперот има постери со голи женски со “вуна”.

-Коа ги правел децата фатило од прва. -2001ва сакал да се пријави доброволец ама истегнал круцијални лигаменти. -Пијан вергла една иста прича за таа хрватицата на паркинг во Задар 1989та. -Често фантазира за Лила Филиповска. Чезнее. Копнее. -Земал 2000 евра да го пишат дека умрел од Корона. Ги заебал. Со парите на синот (16) му купил пушка двоцевка задно да тепаат диви свињи. Да прават колбаси со праз. Да има.



Македонија

Заболени
91,161
Мртви
2,812
Излечени
79,621
Активни
8,728
Last updated: 27/01/2021 - 09:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.