Живот

Честитката за овој Илинден ја посветувам на жените кои бестрашно се бореле во востанието од 1903 година

Славни илинденки 1 дел

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 28/09/2020 - 00:26 (+02:00)

Goce Georgievski

Честитката за овој Илинден ја посветувам на жените кои бестрашно се бореле во востанието од 1903 година. Донка Ушлинова (р. Ставрева) од Смилево е една од нив. Заедно со нејзината јатрва Сребра Домазетова се приклучуваат во Револуционерната организација во 1902 заради теророт од локалниот бег чија намера била да ги приграби, додека нивните сопрузи (подоцна исто востаници) биле на печалба во Цариград. Земале активно учество во четата на војводата Славејко Арсов, предводејќи ги востаничките судири со турскиот аскер во Битолско-Ресенскиот крај. Заради својата храброст и одлучност, Донка ја добила функцијата подвојвода, да ја води четата во отсуство на Арсов. Нека им е вечна славата.
Саможртвата на Илинденците во борбата за слобода е мотивација за остварениот сон на генерацијата која ја оформи државата во 1944 и ни овозможи нам да живееме независни, свои на своето. Благодарение на нивната борба за слобода, нашата борба денеска е за подобар живот, развој и културен натпревар со останатите држави во рамноправни услови. Да живее Илинден! Да живее Македонија!

Фотографија на Goce Georgievski.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker