Свет

Ce ќe пocкaпe…корења ќе се јадат

Во септември, цените во Германија пораснаа за дури 4,1 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Ова е првпат инфлацијата, така забележана, да надминува четири проценти од 1993 година, соопшти Федералното биро за статистика.

„Ветар во грб“ на силната инфлација и дава скокот на цените на енергијата, но тоа не е единственото нешто. Експертите го споменуваат и зголемувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ) за некои производи, како и одложувањето на глобалната испорака на стоки, и метежот што се случува во пристаништата.

Потрошувачите во Германија сепак ќе треба да ја стават раката подлабоко во џебот за да ги загреат становите оваа зима. Една четвртина од домаќинствата се греат на мазут, што ќе биде дури 76,5 проценти поскап отколку пред една година. Мора да се признае, дури и таа цена од минатата година не беше нормална – тогаш цената на барел сурова нафта беше речиси на најниско ниво на сите времиња поради пандемијата и екстремно намалената побарувачка.

Од оваа календарска година, се воведе данок за емисија на јаглерод диоксид од 25 евра по тон од овој штетен гас. Тоа секако влијае на нафтата и се пренесува на цената. Греењето на гас, кое го користеа половина од домаќинствата во Германија, беше 5,7 проценти поскапо во септември, но можно е да биде уште поскапо бидејќи цената на овој извор на енергија на слободниот пазар продолжува да расте, пишува Дојче веле.

„Потребна е поддршка за таканаречените енергетски сиромашни домаќинства, кои не можат да ги покријат трошоците за енергија“, вели Леонора Холинг, претседател на Здружението на потрошувачи на енергија. Бара државата дополнително да се субвенционира греење за сиромашните, како и да им забрани да се исклучат од мрежата доколку не можат да ги покријат трошоците.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 23:00 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.