Балкан

Бугарската пејачка Андреа повторно се соблече гола: Некогаш за дебели хонорари, денес – гратис! (ФОТО)

И МИНУВА МАНДАТОТ?

Бугарската пејачка Андреа повторно се соблече гола: Некогаш за дебели хонорари, денес – гратис! (ФОТО)

Бугарската пејачка Андреа се соблече целосно гола за без пари. Фолк-дивата двапати гола ги шармираше мажите од насловницата и страниците на бугарското издание на магазинот „Плејбој“ за огромна сума пари, но бидејќи веќе не се објавува, таа реши да ја почести публиката со својот гол задник, кој овој пат го покажа гратис, откако ги објави фотографиите на своите профили на Фејсбук и Инстаграм.

Сексапилната пејачка изненади со еротската фотосесија неколку дена откако го прослави 34-от роденден,  на 23 јануари. На фотографиите, Андреа позира целосно гола во када, а телото и е прекриено со пена. Затоа, како и заради намерно избраните пози, може во целост да се види само нејзиниот заоблен задник. На една од фотографиите, фановите имаа можност да ги видат нејзините гради, но Андреа избра да ги покрие со раката и доволна количина пена. Сепак, ова не ја попречуваше фантазијата на нејзините обожаватели, на кои впрочем не им е прв пат да ја видат гола Андреа.

Пејачката која често беше критикувана за нејзините голи сетови, сега повторно доби негативни коментари. Некои не ја разбраа причината за разголената фотосесија, а Андреа не ја ни прецизираше. Патем, ја обвинија и дека претерала со Фотошоп. Веројатно затоа што русокосата пред неколку дена објави две видеа во живо на Инстаграм, во кои нејзиното лице изгледа забележливо пополно, а усните многу пообемни. Уште тогаш се шушкаше дека ги зголемила.

„И овој пат сме сведоци на бескрупулозна манипулација. Андреа, знаеме дека си потешка 30 килограми, зошто не престанеш да се фолираш кога се експонираш?“ – напишала една млада жена на социјалните мрежи.

Потсетуваме, пејачката се соблече за прв пат за домашното издание на „Плејбој“ во далечната 2008 година. Фотосесијата беше насловена „Прашај ме“, како што вели песна од нејзиниот репертоар, а беше реализирана во луксузен стан во Софија. Русокосата ја соблече од себе облеката по втор пат во 2013 година. Фотосесијата е направена на грчкиот остров Санторини.

Во тоа време се шушкаше за  импресивниот хонорар што ги добила Андреа за нејзините еротски кадри за најпродаваното машкото списание. Можеби е така, но денес таа се соблече бесплатно за своите профили на Фејсбук и Инстаграм, каде собра над 10.000 лајкови за секоја фотографија, пишува Викенд.

Извор: HotNews.bg



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.