БалканТОП

БУГАРИТЕ ГО НАТРТИЈА ЗАЕВ, А БОГАМИ И НАС…Заев: Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме народот дека нема да почнеме преговори со ЕУ

Бугарите во паника: Планината Пирин е симболот кој се наоѓа на македонскиот државен грб! Сега прават се преку ДУИ да биде сменет државниот грб!?

Ако Бугарија остане на барањата, треба да го подготвиме македонскиот народ дека нема да почнат преговорите со ЕУ, вели премеирот Зоран Заев коментирајќи ги разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи со бугарскиот премиер, Борисов и министерката за надворешни Захариева во петокот во Софија.

– Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не беа баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември – рече Заев.

Сепак, Заев верува дека тоа не е став на премиерот Борисов, ниту став на бугарскиот народ, без да открие што предложила Бугарија.
Бугарите во паника: Планината Пирин е симболот кој се наоѓа на македонскиот државен грб! Сега прават се преку ДУИ да биде сменет државнио

На 27 јули 1946 година е усвоен грбот на Македонија и тој е во употреба. Тоа беше грб на Народна Република Македонија, на Социјалистичка Република Македонија и на Република Македонија по 8 септември 1991 година.

Кога ќе го анализирате грбот ќе видите дека во средиштето или во срцевината доминира една планина. Тоа е планината Пирин. Не е Пелистер, не е Кораб, не е Шар планина, туку е Пирин. На тој начин македонските комунисти го овековечија во нашиот државен грб значењето на планината Пирин за македонската борба за наша македонска држава.

Кога ќе го анализирате грбот ќе видете уште една работа. Таму постојат четири дела. Тоа се четирите Македонии: Вардарска, Егејска, Пиринска и делот во Албанија. Таа 1946 година македонските комунисти сонувале за обединување на Македонија.

Затоа се сите тие обиди на Бугарија и Грција ( пред се со помош на албанските партии ) да биде изгласан нов грб на нашата држава.

Ова е дел од вечерашната емисија Во Центар која ќе се емитува во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 06:26 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.