Некатегоризирано

Бугарија планира да затвори речиси се од 27 ноември

Бугарија има намера да затвори училишта, ресторани и продавници и да ги забрани сите спортски настани, приватни забави и екскурзии за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа го изјави денеска министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

За тие мерки ќе се разговара в среда на седница на владата со цел да се спречи целосен колапс на здравствениот систем на државата. Од почетокот на пандемијата во таа држава има 121.820 случаи на заразени со Ковид-19 во држава од седум милиони.

 Колку и да сте подготвени, нема таков здравствен систем што може да издржи таков притисок. Не можеме да со дозволиме да ни умираат млади, стари луѓе, учители, лекари, изјави тој.

Во изминатите 14 денови во Бугарија починаа 2.880 луше од последици на новиот коронавирус. Според планот, од 27 ноември во Бугарија училиштата и факултетите ќе преминат на онлајн настава.



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 22:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.