Балкан

Бугapите скpeнaa – бараат повлекување на амбасадорот од Македонија

Бараат повлекување на амбасадорот од Македонија...

Министерството за надворешни работи на Бугарија мора да го повика амбасадорот во северна Македонија за консултации, рече бугарскиот новинар, експерт за меѓународно право и поранешен амбасадор, Велизар Енчев, коментирајќи го палењето на бугарското знаме во селото Вевчани.

Инцидентот се случи за време на традиционалниот Вевчански карневал.

Што треба да се случи за да го направиме овој неизбежен чекор? Можеби пијана толпа треба да ја нападне бугарската мисија во Скопје за да го отповика нашиот амбасадор, напиша Енчев на својата страница на Фејсбук.

Бугapите скpeнaa - бараат повлекување на амбасадорот од Македонија

Според негово мислење, тоа што се случи докажува дека Софија донела правилна одлука кога не го поддржа почетокот на преговорите и влезот на нејзиниот сосед во ЕУ.

Дури и на слепите и глувите лица на Балканот им е јасно дека во Република Северна Македонија постои антибугарско расположение, кое не може да се раскине со ниту еден договор за пријателство. Согласноста на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ ќе биде капитулација на незадржливиот македонизам, рече тој.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски исто така го коментираше инцидентот.

Грозно, одвратно и брутално посегање по бугарското. Не дозволуваме сквернавење на националните симболи, како и на кој било друг вид на изразување на омраза, што е измама со сеќавањето на нашите предцит. Таквата Македонија не може да има место ниту во ЕУ ниту во цивилизираниот свет, напиша тој на твитер.



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 16:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.