СветСпорт

Бразил е најголем извозник на фудбалери: Каде е Македонија на тоа поле?

Бразил е водечка земја во светски рамки според бројот на извезени фудбалери во странство пред Франција и Аргентина, покажува најновиот извештај на Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) со седиште во Брисел, на кој македонскиот „фудбалски извоз“ е рангиран на 42. место со раст од 53 отсто во споредба со 2017 година.

Центарот за спортски студии во својата 380. неделна публикација објави листа на земји со најмногу фудбалери во 135 странски лиги на која водечка земја е Бразил со 1.218 играчи.

На второ место е Франција со 978 фудбалери кои настапуваат во странски лиги, а следат Аргентина (815), Англија (525), Германија (441), Колумбија (425), Шпанија (409), Хрватска (400), Србија (379) и Холандија (367).

Македонија е рангирана на 42 место со 92. фудбалери во странски лиги што е раст од 53 отсто во споредба со 2017 година, кога надвор од домашната лига настапуваа 60 фудбалери.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.