Македонија

Браво исправно! Владата ќе ја разреши Ана Петровска директорката на Инспекторатот за животна средина?

Владата наводно планира денеска да ја разреши Ана Петровска од директорската позиција во Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), објави „360 степени“, повикувајќи се на свои извори.

Она што засега е познато дека Владата денеска во 14 часот ќе одржи седница на чиј дневен ред има и точка – кадровски прашања, но засега нема официјална потврда на оваа шпекулација.

– Advertisements –

 

Петровска пак утринава имаше прес конференција, за сработеното во изминатите шест месеци,  на која што рече дека додека Владата не донесе таква одлука таа ќе се воздржи од коментари. Таа важи за досега најуспешната директорка на оваа институција.

„Фокус“ се обиде да добие официјална информација за овој случај, но од Владата засега не добивме повратен одговор.

Јавна тајна е дека Петровска, која за директорка дојде како кадар на ДОМ, е во конфликт со лидерката на партијата, Маја Морачанин, и дека евентуалното разрешување може да се смета за кулминација на внатрепартиските случувања.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:00 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.