,,Не сакам да поверувам дека работиш за нечиј интерес”, зема да се расправа, денеска, написмено со мене, гоЉамиот актер и ,,велики” газда на ноќниот клуб ,,Џубокс” – Јовица Михајловски.”
А, дозвола нема, затоа денеска му ја уриваа ,,импровизираната барака” пред ,,Џубокс”, среде тротоар во Д.маало на почитуваниот актер, која тој нагалено си ја нарекува – две паноа.
Така е, бе, чичино. Работам за НАСА, до толку си битен.
Денес, Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, со полициска придружба постапуваше по 14 решенија за отстранување на нелегално поставена урбана опрема.
Акцијата опфати локали, кафе барови и други објекти кои нелегално имаат поставено урбана опрема (тераси, монтажни конструкции итн.), меѓу кои е и конструкцијата поставена пред ноќниот клуб Џубокс во Дебар Маало.
Продолжуваме неселективно со борба против беззаконието и урбаниот хаос, со цел воведување на ред во поставувањето на урбаната опрема на јавен простор. Повторно повикувам угостителите и одговорните лица да се придржуваат до законските решенија и правилници за поставување на урбана опрема.
