Живот

Бранко од Скопје: Живеам во мрак, синот сака да се запише на факлутет но немам пари

Бранко Ристески од скопско Црниче е млад пензионер има само 59 години, во младоста живеел скормно но убаво, има четири сестри, завршил средно училиште.

Тој скоро цел век поминува работејќи во ,,Македонки железници,, од каде што ги доживува најголемите успеси, но и најголемите падови и животни училишта.

– Во младоста живеевме скромно, не беше лошо, завршив средно училиште како машино бравар. Ми се укажа шанса да заминам за Белград и таму да работам да се развивам на мои 19 години.

-Татко ми не ме пушти, ми рече овде ќе седиш ќе работиш. И мислам дека тука таа беше најголема грешка и сопка од родителите. Да ме пуштеа да заминам ќе створев многу.

-Се вработив во ,,Македонски Железници,, скоро цел работен век минав таму, но сеуште го плаќам долгот од таму, тој долг се вика здравје.

– Сопругата ја запознав во Прилеп, таму на гости бев кај еден чичко, со неа сме во брак 32 години, имаме 3 деца,ќерката се омажи, а другите синови се тука.

– Кога на ладно кога на жешко на пругите беше многу тешко додека беа родителите живи морам да признаам беше многу подобро, но откако тие по чинаа…

– Работит се сменија, ние живееме во мрак, животот во темница е многу тежок, останав без струја поради еден братучед кој живее овде и не плаќа, двапати ми ја гасат струјата.

– Одам кај одговорните и прашувам што е работата и ми велат, дека не сум плаќал, а сметки не стигнуваат, земав кредити, за да плаќам.

– Сопругата е скоро неподвижна, се прави со моја помош, навистина е тешко, имаме заостанати сметки за водата, за лекарства давам.

– На мене не ми остануваат многу пари навситина е бор ба за да преживееме, сме јаделе леб и сол, многу често. Синот сака да се запише на факлутет, но пари нема, тој работи по кафулиња, за да им за џепарлак, вели со тешко срце Бранко.

– Родив здраво право бебе, но потоа на 13 години забележав дека таа има една форма на сколиоза, моравме да земеме едне корсет. Поради него се задолживме земавме кредит, фала Богу таа сега е добро, вели сопругата на Бранко.

Оваа соба погледнете во кавка состојба е, запустена, неможам како жена ништо неможам да направам, сопругот готви и тој работи.

Најголем проблем ми е кога дојде ред за готвење, се чудам што и како. Најчесто купувам колбаси бидјеќи се најефини. Месо можам само да сонувам, вели Бранко.

Најголема желба во моментот ми некој да ми помогне за да се справам со кре дитот, да го регулирам за да ми остане некој денар од пензијата. Од пензијата ништо не останува, најголема желба ми е тоа. Да се ослободиме од кредитите.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 08:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.