Колумни

Боки 13-ка е најголемата несреќа за македонската ЛГБТ заедница а најголемиот подарок за ВМРО ДПМНЕ и остала фашистичка багра

Колумни

Саше Ивановски

Новинар, основач и сопственик на Мактел.мк

 

Она што му го кажав на Боки 13-ка пред 5 години, се гледа денеска дека сум бил навистина во право.

Човекот е таква анти-реклама за ЛГБТ заедницата што некогаш помислувам дека ВМРО ДПМНЕ го има ангажирано за да шири омраза кон ЛГБТ луѓето…

Човекот со неколку потега успеа да го сјебе ефектот од пресот на Бранко Манојловски.

Бранко излезе и кажа со плачење дека педерите се културни, паметни, фини и добри луѓе, и Боки се погрижи Бранко да излезе најголема будала.

Излезе Боки на прес и кажа дека си нарачува не едно туку три бебиња и пазете, сакал да бидат православно, муслиманче и дете со инвалидитет?!

Он мисли дека посвојувањето деца е како отворање на кафич или прогласување на некој трач или сличен ПР стант, за него хуманитарната активност и грижата за деца е само уште една можност за билдање на слава и добивање на пари и моќ и конекции…

Како што Грујо ја разбра политиката како простор за ПР маркетинг и што ја третираше политиката и луѓето како што маркетинг агентите ја третираат стоката и медиумите, така и Боки целосбно погрешно ја има избрано хуманоста.

Со своето бахато, егоцентричано, нарцистично, шокантно и екстравагантно однесување тој е идеален за мразење и хејтање и е вистинско гориво за македонските хомофоби.

Тој е како дар од бога за ВМРО ДПМНЕ и цела фашистичка багра.

Но не се ЛГБТ луѓето свињи како Боки 13-ка, туку ЛГБТ луѓето се како сите луѓе, и кај нив има и луѓе и нелуѓе, така што Боки 13-ка не е неподнослив и никаков затоа што е педер, он е свиња затоа што е така воспитан и затоа што е ментално болен, тоа што е педер нема врска со неговите недостатоци!

Неговите маани се на друго место, во неговото невоспитање, во неговата ментална пореметеност, во разгаленоста, во гледањето на светот само преку призмата на парите, раскошот, раскалашеноста, тој промовира еден живот кој е многу опасен а тоа е живот на висока нога без работа, а тоа значи само или крадење или спонзоришење т.е курвање, што е сечие право и никој не може да му забрани или да му замери, тоа е негов избор, но имам проблем тоа да се продава како успех во животот, тоа сепак не мислам дека е живот со кој некој може да се пофали и да се гордее и да го промовира и на широката популација, луѓето сепак треба да се потрудат парите да ги заработуваат на некои малку подруги начини, продавајќи го своето знаење и таленти а не своето тело за некој да се празни во вас…

Сепак јас сум за легализација на проституцијата, но сепак таа професија не треба да биде ниту воздигана како благородна, мислам дека е една од најтешките професии на светот и никој не би требало да се гордее со таа професија, сите би требало да се обидат да успеат во животот во други професии.

Се надевам дека луѓе како Ирена Цветковиќ и Кочо Андоновски и Луми Бекири ќе бидат олицетворение на ЛГБТ заедницата а не вакви преваранти и бараби и будали како Боки 13, затоа отсекогаш сум апелирал до самите ЛГБТ друштва да се дистанциираат од него и неговиот невкус и кич и простачко понашање, баш како што кажа Бранко Манојловски, ЛГБТ луѓето се меѓу најпедантните, највредните, најталентираните, најпаметните највоспитаните луѓе во светот, тие се програмери, доктори, уметници, филозофи, бизнисмени тие се се што не е Боки 13-ка!

Не значи дека Боки 13-ка сега треба да биде распнат на крст, само ми смета неговото кревање на пиедестал, тој не заслужува никаков респект и внимание, иако тој е болен за внимание, потребата да има публика и фанови кај него е на психопатско ниво, дури многу ми личи на Грујо и Трамп!



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:26 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.