Некатегоризирано

Боки 13 излегува од „Шутка“ и оди во домашен притвор

Бојан Јовановски за најмногу два часа треба да излезе од приотвор, од истражниот затвор „Скопје“, бидејќи Аплеациониот суд ја уважи неговата жалба за укинување на притворот.

Информацијата за „Фокус“ ја потврди неговиот адвокат Сашко Дуковски.- Advertising –

-Јовановски набрзо треба да излезе од притвор и да оди во домашен притвор, бидејќи Апелациониот суд ја прифати нашата жалба, ни изјави адвокатот Дуковски.

Тој вели дека конечно второстепениот суд ја увидел сериозноста на здравствената состојба на Јовановски.

Потврда за информацијата стигна и од Кривичниот суд.

-Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави решение КОКЖ – 68/20 со кое жалбата на обвинетиот Б.Ј., осуден со првостепена пресуда по предметот КОК бр. 116/19 во јавноста познат како „Рекет“, изјавена преку неговиот бранител, се уважува.
Решението на првостепениот суд се преиначува на начин што се укинува мерката притвор према обвинетиот Б.Ј. и се определува мерка куќен притвор, информираат од Кривичниот суд.

Боки 13 во случајот „Рекет“ беше осуден на 9-годишна затворска казна, а му се суди и за случајот „Меѓународен сојуз“.

Македонија

Заболени
58,608
+1,157
Мртви
1,630
+30
Излечени
36,064
Активни
20,914
Last updated: 26/11/2020 - 21:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.