Македонија

Бојкот се поизвесен – Таравари дециден: Не ја поддржуваме иницијативата за референдум!

t

Реториката на ВМРО-ДПМНЕ може да ја остави без партнер во албанскиот политички блок. Вршителот на должноста претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во емисијата „Патот кон“ на Алсат изјави дека нејзиниот антиевропски речник ќе ја оддалечи Алијанса од можноста за коалицирање.

„Никако, не ја поддржуваме иницијативата на ВМРО за референдум бидејќи тоа не оддалечува од евроинтеграцискиот пат на земјата. Не сакаме ни да слушнеме за тоа. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со овој вокабулар, тоа ќе не оддалечи од соработката. Ние не сме против македонскиот идентитет. Ако го напуштите евроинтегративниот пат, го напуштате македонскиот идентитет. Нема кој да им помага на Македонците повеќе од НАТО и ЕУ “, изјави Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците.

Таравари во „Патот кон“ го повтори ставот дека АА нема да поддржи уставни измени се додека определбата од 20 проценти не се отстрани од највисокиот правен акт.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.