Балкан

Бојко Борисов пред пораз на изборите: Дали и тој ќе мора да јаде гулаш во Будимпешта? Еве зошто Борисов и Каракачанов се толку нервозни?

Анкетите на јавното мислење во Бугарија покажуваат големо незадоволство од работата на Собранието и извршната власт: Околу 75 проценти од испитаниците се незадоволни од работата на парламентот, а 68 проценти од работата на владата.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, може да се пофали со прилично високо ниво на доверба кај граѓаните од 48 проценти, додека 39 проценти негативно ја оцениле неговата работа.

Владејачката ГЕРБ и опозициската Бугарска социјалистичка партија имаат буквално исти шанси на претстојните парламентарни избори.

На прашањето за кога ќе гласаат, ако изборите бидат утре, 24,1 процент од анкетираните рекле дека ќе гласаат за ГЕРБ, додека 23,6 проценти за социјалистите.

Да потсетиме, за време на последните анкети во септември, опозицијата исто така заостануваше многу малку зад владејачката партија: тогаш за ГЕРБ рекоа дека ќе гласаат 23,8 проценти, додека за бугарските социјалисти 23,4 проценти.

На трето место е партијата шоуменот Слави Трифонов со 15, 9 отсто.

Коалицијата на Красимир Каракачанов според анкетите нема да го помине цензусот од четири отсто. Во септември нивниот рејтинг беше 3,9 отсто, а ниту агресивната политика кон Македонија не им помага бидејќи рејтингот во октомври им се намали на 3,8 отсто.

Протестите против бугарската влада траат повеќе од четири месеци. Како одговор на барањата на демонстрантите, кабинетот на премиерот Бојко Борисов предложи да се направат одредени измени во сегашниот Устав. Нацртот на новиот устав беше доставен на Националното собрание за разгледување на почетокот на септември, а постапката ќе трае од два месеци до пет месеци.

Македонија

Заболени
57,451
Мртви
1,600
Излечени
34,970
Активни
20,881
Last updated: 26/11/2020 - 19:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.