Колумни

Богоевски: САД не е Македонија и таму постои реална поделба на власта и независни институции. Така да, малку е веројатно дека лесно ќе се осмели да го „притисне копчето“ или да направи некоја друга голема глупост.

Фактот дека Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД отвара врата кон една нова политика на светската сцена.

Не, не верувам дека тој ќе направи нешто премногу катастрофално. Да, Пертседателот во САД има голема моќ, но неговите постапки подлежат на ограничување од страна на Конгресот, Сенатот и Претставничкиот дом од една и Врховниот Суд на САД од друга страна. А САД не е Македонија и таму постои реална поделба на власта и независни институции. Така да, малку е веројатно дека лесно ќе се осмели да го „притисне копчето“ или да направи некоја друга голема глупост.

Но, тоа што е загрижувачки е наративата и начинот на водење политики на Трамп. Неговата наратива е исполнета со национализам, авторитаризам, шовинизам и расизам. Неговите политики се популистички, а не аргументирани. Неговите јавни настапи и изјави се нагонски, а не рационални. Кога таквото однесување ќе стапи на светската политичка сцена, и кога тоа ќе биде од страна на Претседателот на САД, ние ќе имаме сериозна опасност дека глобалната политика ќе се претвори во една голема арена за „мерење на машкоста“ на светските лидери. Ова е посебно опасно, земајќи ја во предвид егоистичноста кај добар дел од нив, со која Барак Обама толку добро се справуваше. Резултатот од ова ќе биде едно огромно реално шоу и уште поголем циркус во чија публика сите ќе мораме да седиме. Антагонизираноста помеѓу нациите ќе порасне, дијалогот ќе биде исполнет со закани и силење, а не со аргументи и компромиси.

Иако тоа не значи дека нужно ќе имаме нов конфликт, ние сепак ќе стагнираме најмалку четири години, а потоа ќе ни треба уште долго време да се вратиме на местото каде што сме сега, за воопшто да можеме да почнеме да говориме за напредок. Во секој случај, целиот свет го чекаат четири многу напорни години.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.