ЗабаваСекс

Битолски свештеник е автор на еротскиот текст за песната на неговата ќерка Марија Груевска!

Парохискиот свештеник Душко Груевски од Битола ги напиша еротските стихови за песната на српски јазик на неговата ќерка Марија, насловена ,,Горим сва”, за која е снимен и видео запис.

По промоцијата, видеото се најде во центарот на вниманието, најмногу поради провокативните кадри кои Груевска ги снимила со нејзиниот вереник Синиша Стојановски, а нејзиниот татко, освен за стиховите, бил задолжен и за сценариото на проектот.

-Ја горим сва од твојих додира

Ја горим сва у твојим рукама

Нек говор твога тела исприча све

Све оно што ти очи говоре док скидам све са себе

Не гледај ме јер кад си поред мене вруќе ми је

Вруќе је, вруќе је све- пее битолчанката во новата песна.

Целиот проект е доста смел и еден вид на новитет на нашите простори. Податокот што токму свештено лице стои зад провокативните стихови и сценарио, уште повеќе го предизвика интересот на јавноста за песната на Марија.

Инаку, таа веќе стана позната во регионот по своите екстравагантни стајлинзи за време на учеството во регионалното музичко шоу ,,Ѕвездите на Гранд”.

Од настап со змија на сцената, до настап во калуѓерска облека, Груевска даде свој белег на популарното шоу, каде публиката со нетрпение го чекаше секое нејзино ново појавување, бидејќи внесе многу изненадувања и ексцентричната гламурозност.

За медиумите,често изјавува дека семејството е нејзина најголема поддршка на патот кон ѕвездите. Во родната Битола, на манифестацијата за најуспешни битолчани во организација на Битолски весник доби награда за своите јавни ангажмани.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.