Балкан

БЕТЕР ОД ДЕВЕДЕСЕТТИТЕ – НЕВИДЕНА БРУТАЛНОСТ ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: МУ ГИ ИСКОПАЛЕ ОЧИТЕ И ОТСЕКЛЕ ГЛАВАТА

Синот на убиениот криминалец од 90-тите години на минатиот век, Бранислав Лаиновиќ Дуги, Љубомир, наводно учествувал во ликвидацијата на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ. Црногорските истражители дознале дека Љубомир Лаиновиќ (24) од Нови Сад, син на убиениот криминалец од 90-тите години на минатиот век, Бранислав Лаиновиќ Дуги, наводно бил директно вмешан во двојно убиство во Атина и дека тој бил киднапиран, осакатен и убиен по убиството на водачот на Шкаљарскиот клан во јануари.

Убиство пред деца

Убиството на Игор Дедовиќ, еден од водачите на „Шкаљарците“ и на Стеван Стаматовиќ не е официјално расчистено, но има индиции за тоа кој е нарачател, но и кои се директните извршители. Дедовиќ и Стаматовиќ беа застрелани на 19 јануари во ресторан во Атина, за време на вечера со жените и децата. Четири маскирани лица влегоа во барот, ги опколија и пукаа.

Истражителите се сомневаат дека Саво Л. од Подгорица, кој бил близок до „Шкаљарците“, им продал на членовите на кланот Кавач информации за локацијата на Дедовиќ и Стаматовиќ за еден милион евра. И тој се води како исчезнат. Според некои информации, Лаиновиќ јуниор директно учествувал во егзекуцијата, а се вели дека тој убивал за кланот Кавач, пренесуваат медиумите од Црна Гора. Како што понатаму наведуваат, повикувајќи се на Глас јавности, неговата трага е изгубена по двојното убиство во Грција, кога тој, наводно, отишол во Шпанија да земе пари за завршената „работа“.

Хаџиќ го киднапирал?

По убиството на Дедовиќ и Стаматовиќ, „Шкаљарците“ наводно откриле кој учествувал во злосторството, па започнале да се одмаздуваат. Се сомнева дека Љубомир Лаиновиќ бил киднапиран и мачен во Шпанија. Според приказните, сега починатиот Дамир Хаџиќ учествувал во тоа. Според информациите од подземјето, на Лаиновиќ му биле извадени очите додека бил жив, му биле отсечени делови од телото, а потоа и главата – објавија медиумите и потенцираат дека телото не е пронајдено, па затоа оваа информација е сè уште на ниво на шпекулации. Шест месеци по ликвидацијата во Атина, Дамир Хаџиќ и Алан Козар беа убиени на Крф и се сомнева дека зад нивното убиство стои кланот Кавач.



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 22:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.