Македонија

„Беса транс“: Автобусите во никој случај немале никаков багаж со нафта или пиротехника само будали шофери и будала газда на агенцијата

Агенцијата „Беса транс“ негира дека се превезувале резерви со нафта или други горива, а немало ниту пиротехнички материјали. Оттаму велат дека само истрагата може да ги даде точните информации за несреќата.

Како агенција ја известуваме јавноста, како и семејствата на трагично загинатите дека автобусите во никој случај немале никаков багаж со нафта или пиротехника. Ова се шпекулации од страна на оние кои сакаат да ја искористат оваа трагедија. Целосниот капацитет на автобусот бил 450 до 500 литри нафта, само за користење за потребите на автобусот. Уште еднаш ги замолуваме медиумите да не ги користат овие дезинформации со кои уште повеќе ги повредуваат семејствата, велат од „Беса транс“.

Реакцијата на компанијата доаѓа откако дел од бугарските медиуми објавија, а македонските пренесоа, дека во автобусот имало туби со нафта, поради кое возилото изгорело многу брзо, а се започнало од предниот дел.

Министерството за транспорт денеска ѝ ја одзеде лиценцата за работа, односно ѝ забрани вршење на дејност на компанијата.



Македонија

Заболени
216,328
+333
Мртви
7,609
+17
Излечени
200,669
Активни
8,050
Last updated: 02/12/2021 - 22:45 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.