КолумниТОП

БЕCКОНЕЧНАТА ГЛУПОСТ НА КРИВОПАЛАНЕЧКИОТ КРАДОНАЧАЛНИК

Според Ајнштајн,само универзумот и човековата глупост се беcконечни...!

Градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо алијас БРУСАЛИЦА,сега стана БУШАЛИЦА!!! Новиот плоштад го БРУСИ,стариот плоштад го СРУШИ,а сега тротоарите ги БУШИ!!!

Абре копук селски,прво изгради паркинг простор во градот,па потоа буши ги тротоарите и поставај чунови. Во Крива Паланка повеќе има возила отколку што има жители,бидејќи луѓето масовно се иселија од ,,животот што дојде”,односно што го донесе Борјанчо,паркинг простор нема,,ни за лек”,партиските полицајци казнуваат ако застанеш со возило макар и на две минути,па дури праќаат и засилување од Полициските станици од Куманово и Кратово,како и од Републичката сообраќајна полиција,па потоа се фалат на прес како тоа во Крива Паланка за еден час се поднесени 100 прекршочни пријави,од кои нај големиот број за паркирање.

Единствениот паркинг простор пред Општината и Полициската станица 24 часа е зафатен со возила на полицајци и општински службеници,а службените паркинзи позади Општината и позади Полициската станица се наполнети со стари хаварисани возила(кршови),кои тука се паркирани повеќе од 20 години. И сега,наместо Борјанчо Брусалица(БУШАЛИЦА) да го реши проблемот со паркирање,тој ги буши тротоарите и поставува чунови и тоа во време на пандемија и економска криза,но баш тоа е ,,финтата”,нов тендер,нови провизии,нов кеш и тоа со фирма од Тетово… Во целава трагедија,добро е што само уште 10 плати од народните пари ќе ги лапне Боки Брусалица,а потоа ЧАО…!

Прашање до Борјанчо Брусалица(бушалица): ЗОШТО НЕ ПОСТАВИШ ЧУНОВИ НА ТРОТОАРОТ ПРЕД ,,СЕЛЕКТ”???

Ама за него нема гајле,БРУСИ,БУШИ И РУШИ,го бива за хаус мајстор,па од Октомври не му бега МЕЛТОН и така таму се во дефицит со мајстори!



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.