Балкан

Басистот на „Рибља чорба“ е на респиратор станува збор за гостиварецот Миша Алексиќ

Миша Алексиќ басистот на „Рибља чорба“ трет ден е на респиратор и состојбата му се влошила, пренесуваат српските медиуми. Неговата ќерка Мина објавила статус во кој потврдила дека нејзиниот татко се бори за живот.

Басистот на „Рибља чорба“ е на респиратор

 Мојот Мишо заболе од ковид и на респиратор е веќе трет ден. Секој час е негова борба за живот како и моја и на мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат каков лав и борец е тој. Би сакал сите луѓе кои го сакаат и почитуваат како мајстор на рокот, овие денови да бидат со нас, со него и да веруваат дека ќе победиме. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со семејството на ручек и се смеевме дека не сакаме да носиме маски и зборувавме каде ќе одиме да се забавуваме или да ручаме. Јас сега останав со двајцата родители во болница. Преплашена да, но и храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве молам поради Миша да испраќаме најсилна енергија во вселената и што побрзо да се врати на сцената со гитара – напишала Мина.



Македонија

Заболени
88,938
+189
Мртви
2,702
+6
Излечени
73,601
Активни
12,635
Last updated: 17/01/2021 - 21:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.