Забава

Барбара Ракичевиќ реди награди, а Андријана Јаневска со нејзиниот успех се пофали ПРОФЕСОР И УЧЕНИК

Барбара Ракичевиќ реди награди, а Андријана Јаневска со нејзиниот успех се пофали: Гордата професорка бриљира, талентираната ученичка фасцинира! (ФОТО+ВИДЕО)

Можеби водителството и се учи, ама пејачките се раѓаат, а ваквите тврдења се совпаднаа со она што од ќерката на некогашната ТВ водителка Мелита Ракичевиќ, денес нејзина наследничка, младата Барбара можеше да  се слушне уште при нејзиното прво јавно преставување на поширокиот аудиториум кога е пеењето во прашање.

„Посилно од се’ “ дебитантската песна на шармантната водителка и пејачка, тема која е комплетно авторско дело на Андријана Јаневска покажа дека младата убавица е „печена“ да почне  да почне да гради сериозна пејачка кариера.

Дали Барбара дефинитивно ќе да стане пејачка и ќе сними дузина свои песни – ќе покаже времето, но она што е очигледно е дека Барбара навистина има талент за музика и добро пее. По првиот посериозен чекор во светот на музичката естрада, или поточно паралелно со него течеше и музичката едукација, зашто колку пеењето и да е талент, некои работи сепак добро е стручно да се усовршат, правилно научат, надградат, конечно да се одржува вокалната форма на правилен начин. Затоа е постојат музичките училишта и професори, а каде ќе најдеш подобра едукација, ако не во оној чија инспирација ја изведуваш во песните кои тој ги напишал. Или поточно таа – нејзината авторка, соработничка и во случајов професорка – Андријана Јаневска!

Имено, можеби не е познато, но Барбара веќе одреден период зема часови по пеење токму кај Андријана Јаневска, која е  не само автор, туку еден од најдобрите македонски женски вокали, академски музичар и педагог. А кога имаш врвен пејач за професор, талентот е најдобар пат да седоведе до совршенство… Првите награди се веројатно првиот чекор до него, но и прв знак дека си на вистинскиот пат кон славата… Секако, поплочена со знаење… Она туѓото, правилно  пренесено и акумулирано, па работата и трудот резултираат и со првите резултати.

Токму гордата професорка се пофали на својот Фејсбук профил со првата награда која нејзината ученичка Барбара ја освои деновиве на еден фестивалски натпревар:

Горда на мојата ученичка Барбара Ракичевиќ за освоеното ПРВО место на Интернационалниот фестивал THE SONG во категорија ПОП ВОКАЛ на возраст од 15 до 17 години“ – напиша среќната професорка, радувајќи се на успехот на нејзината пуленка, кој во исто време е и нејзин успех.

Барбара наскоро треба да се појави со нова песна во етерот, а Андријана својата врвна музичка класа и како инструменталист и како вокал ја демонстрираше уште еднаш надвор од Македонија. Овој пат во живо на програмата на националната Хрватска радио-телевизија ХРТ1, каде маестрално во своја верзија ја отпеа и отсвире легендарната „Македонско девојче“.

Професорката брилијантна, ученичката фасцинантна… На добар пат да ја наследи, а со тек на времето, зошто да не и надмине! Но… до таму има уште многу „километри“ работа, труд, знаење, искуство… и малку среќе, секако!



Македонија

Заболени
106,832
Мртви
3,185
Излечени
94,461
Активни
9,186
Last updated: 07/03/2021 - 06:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.