БалканМакедонија

Бајага растури со добра музика и го крена на нозе Охрид: Антички беше мал за безвременските хитови на добриот дечко од југословенската музичка сцена

Еден од најпопуларните југословенски музичари, Бајага и неговите „Инструктори“, вчеравечер на Антички во Охрид направија топ журка. Под отворено небо тие пееја за публиката од сите генерации и со своите безвременски хитови ги размрдаа сите што дојдоа на концертот. Играше и публиката, ама се журкаа и тие што не успеаја да купат билети. Некои концертот го слушаа од покрај оградата, а други од терасите на куќите покрај Антички, како пред короната, времињата кога тука се одржуваа сите големи летни концерти.

(Галерија) Бајага растури со добра музика и го крена на нозе Охрид: Антички беше мал за безвременските хитови на добриот дечко од југословенската музичка сцена

Бајага и овојпат не потфрли и направи забава за која ќе се зборува уште долго. Во Антички речиси и да немаше празно место, онолку колку што дозволуваат ковид-протоколите. А забавата почна уште со првата песна. Од најмладо до најстаро, сите со рацете во вис ги пееја неповторливите „Зажмури“, „Од кад тебе волим“, „Руски воз“, „Плави сафир”, „Са друге стране јастука”, „Тамара“… Песните со Бајага звучеа одлично и свежо, како секојпат до сега. Публиката со аплауз и овации им даваше поддршка, како да сакаше да им каже дека журката не треба да заврши.

 

„Во овие 36 години секогаш имаме млада публика пред нас, и тоа многу нè радува, што создадовме песни за сите генерации“, рече Бајага и продолжи да ги пее и познатите евергрини „Живот је некад сив, некад жут“, „Године пролазе“, „Песна против малери“, но и хитовите од најновиот албум.

Ја испеа и „Твоје очи“, песната што рече дека ја напишал за Здравко Чолиќ, а потоа се врати и на бис и кажа дека секогаш се радува кога пее во Македонија.

Концертот во Охрид беше првиот од двата што ќе ги одржи викендов. Вечерва Бајага ќе пее во Хераклеја во Битола. Двата концерта ги организира Авалон продукција.

Можно е да е слика од еден или повеќемина и луѓе кои свират на музички инструменти

Можно е да е слика од еден или повеќемина, луѓе кои свират на музички инструменти, луѓе што стојат и внатре



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.