Живот
Бадник кај Заеви: Златниот прибор на маса, паричката во Александрината каса
Бадниковата вечера во семејството Заеви и годинава помина во знакот на златниот прибор. Денот кој треба да биде одлика на скромност за семејството на експремиерот е можност да го покажат луксузот во кој живеат. Како минатата година, така и годинава.
Ќерката на Заев, Александра Заева на социјалните мрежи се пофали дека годинава среќата и се наклонила. На масата на која е целиот клан Заеви, токму на Александра и се паднала паричката во бадниковото лепче. На истата фотографија се наѕира и златниот прибор за кој минатата година многу се зборуваше.
И Ева Заева се пофали со истата трпеза и со нејзиното парче од бадниковото лепче, во кое сепак, паричка немаше.
