СветСпорт

Австралиски медиуми: Ѓоковиќ не е уапсен. Министерот има уште 35 минути да одлучи

Откако судијата Ентони Кели од Австралискиот Федерален суд одлучи да му даде виза на Ѓоковиќ за влез во Австралија, ситуацијата ескалира и се чека одлука од министерот за имиграција Алекс Хок.

Тој е единствениот човек во владата кој може да оди против волјата на судот и сепак да го депортира Ѓоковиќ од Австралија.

Голем број фанови на Ѓоковиќ пристигнаа пред зградата во која моментално се наоѓа српскиот тенисер со своите адвокати.

Тие извикуваат „Ослободете го Ноле“ и бараат оставка од властите.

Сите австралиски и светски медиуми пишуваат дека министерот за имиграција Алекс Хок има рок од четири часа од судската одлука да одлучи за депортацијата на Новак Ѓоковиќ. Како што пренесуваат медиумите, министерот има уште 45 минути да донесе одлука.

Австралиската новинарка Карен Свини во текот на целиот ден го следи судењето на Ѓоковиќ и известува од местото на настанот. Таа сега тврди дека полицијата која се собрала пред зградата во која е Ѓоковиќ не е таму за да го уапси Ѓоковиќ, туку да ја чува зградата и српскиот тенисер, бидејќи се работи за ризична ситуација.

Австралискиот новинар пак Пол Сакал претходно напиша дека Ѓоковиќ не е уапсен и дека министерот за имиграција има четири часа да одлучи дали ќе му ја укине визата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.