Колумни

Асани бара федерализација по примерот на Швајцарија: Албанците во Македонија продолжуваат да бидат дискриминирани иако се, всушност, мнозинство!

Швајцарија треба да биде држава-модел за Македонија, од кој таа ќе извлече поука во поглед на рамноправноста на Албанците и албанскиот јазик.“ – вели Ахмет Асани во својата колумна, која ја објави информативната агенција на албански јазик ИНА.

Асани пишува: „Кога во Швајцарија ги прашуваат граѓаните кој е јазикот на Швајцарија одгoворот, што се добива, е дека во оваа држава германскиот, францускиот и италијанскиот се целосно рамноправни како три швајцарски јазици.“

„Во Македонија секогаш кога се зборува за правата на етничките Албанци се случува сите други неалбански етникуми да се соберат, да се нарекуваат себеси Македонци, а својот јазик македонски, иако ниту еден од овие етникуми нема ништо заедничко ниту со историјата, ниту со името на Македонија.“

„Македонија може да функционира како држава само ако како модел ја земе Швајцарија како држава, во која сите етникуми и сите јазици се рамноправни пред законот!“

„Во оваа насока Косово е добар пример! Во Косово Србите учествуваат со помалку од 5 проценти во структурата на населението, но тие се, сепак, целосно еднакви со Албанците, додека во Македонија Албанците продолжуваат да бидат дискриминирани иако се, всушност, мнозинство!“



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.