Македонија

Арсовски: Коста Петров јавно, без грам совест, призна дека сторил кривично дело, обвинителството треба да реагира

Арсовски: Коста Петров јавно, без грам совест, призна дека сторил кривично дело, обвинителството треба да реагира

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во вечерашното издание на „24 Анализа“ на ТВ 24 го праша директорот на Фондот за иновации Коста Петров дали му е забранет влез во Дубаи поради одредени недоследности во неговото работење.

Но, претходно да ги објасните сите оние недоследности што кренаа прашина во јавноста околу оној фамозен тендер. Бојан Ивановиќ кој е поддржувач и активен чинител на политиките на СДСМ има земено неколку тендери во низа од Фондот од 2018 до 2019 година.

Последниот тендер за кој треба да се дискутира и воедно директорот треба да одговори е тендерот за маркетинг услуги и комуникациски услуги којшто беше потпишан и е во вредност од 11 милиони и осумстотини денари. Истиот тој Бојан Ивановиќ има земено три тендери во низа од Фондот во 2018 година во вредност од над 4 милиони денари.

Зошто директорот не го прекинал спорниот договор. Исто така, во овие моменти кога има корона криза сулудо е да давате 200 илјади евра за организација на јавни настани – изјави Арсовски.

Тој истакна дека се користи медиумска промоција на Фондот, но не на социјалните мрежи туку преку медиуите и порталите. како што истакна Арсовски, рекламите се платени со буџетски пари од Фондот за иновации.

Дали знаете дека на 24. седница на Владата на 22 август 2017 година е донесен мораториум и забрана за рекламирање на институциите во медиумите. Дали сте свесен дека со ова сте направиле кривично дело – Арсовски го праша Петров.

На ова, директорот на Фондот за иновации му се извини на Арсовски.

Извини ако сум направил кривично дело – одговори Петров.



Македонија

Заболени
103,020
+233
Мртви
3,144
+7
Излечени
91,507
Активни
8,369
Last updated: 01/03/2021 - 16:11 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.