МакедонијаТОП

АРСОВСКА ЌЕ ГО ТУЖИ КАЕВСКИ ПОРАДИ БЕЗОБРАЗНА КОНСТРУКЦИЈА Ниту имам фирма, ниту имам долг за струја ниту имам љубовник

Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години не сум активна во ниту една фирма. Повеќе од очигледен е стравот на СДСМ и Петре Шилегов дека нивното време во град Скопје завршува и дека сите злоупотреби на градот ќе бидат отворени и предмет на ревизија, вели Арсовска.

Згрозена сум од конструкциите што ги пласира СДСМ. Не само што информациите изнесени на прес конференцијата не се точни, туку тоа е безобразна политичка конструкција, реагира Данела Арсовска  на прес конференцијата на СДСМ.

„Поради тоа ќе поднесам тужба за клевета до Дарко Каевски од СДСМ кој ги изнесе овие невистини. Јас не сум политичар, зад мене не стои политичка партија да ме брани, затоа ќе се бранам по институционален пат. Доколку би имала каква било дамка лично и професионално немаше да се впуштам во битката за градоначалник спроти политичари кои освен црна кампања не можат да сработат ништо друго и очекувам дека ќе напаѓаат. Јас ниту имам фирма на мое име, ниту имам долг по основ на неплатена сметка за електрична енергија. Веќе 7 години со својот ангажман сум претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија и со години не сум активна во ниту една фирма. Повеќе од очигледен е стравот на СДСМ и Петре Шилегов дека нивното време во град Скопје завршува и дека сите злоупотреби на градот ќе бидат отворени и предмет на ревизија“, вели Арсовска.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:00 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.