Македонија

Арсовска: 9 мај е посебно значаен за македонскиот народ, дадовме илјадници жртви во борбата против фашизмот

Градоначалничкана на Град Скопје, Данела Арсовска денеска им оддаде почит на загинатитие херои од антифашистичката борба, со положување свежо цвеќе пред споменикот на Ослободителите.

“Денеска на 9-ти Мај, се поклонуваме и се потсетуваме на храброста на големиот број херои и жртвите дадени за победа врз оние кои за време на Втората светска војна окупираа и грубо газеа врз човечкото достоинство.

 

Денот на победата над фашизмот е значаен ден за целото човештво, меѓутоа е посебно значаен за македонскиот народ, бидејќи тој за времето на Втората светска војна застана и се бореше на страната на антифашистичката коалиција. Република Македонија во антифашистичката војна дала свој огромен придонес, а во борбените дејствија животот го загубиле околу триесет илјади македонци.

Да се биде денес пред споменикот на Ослободителите, значи да се одаде почит на сите кои ги положиле своите животи за самостојна Македонија и нејзино ослободувањето од фашистичката окупација.” – напиша Арсовска на Фејсбук.

Линк од Фејсбук статусот во продолжение: https://www.facebook.com/ArsovskaDanela/posts/546965197055416



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.