ЖивотЗанимливости

Апел за помош на семејството чиј дом изгоре вчера во Гази Баба

Вчеравечер се запали куќа во населеното место Гоце Делчев во општина Гази Баба.

Семејствата се евакуирани, нема повредени.

Пожарот за кратко време бил ставен под контрола и било спречено истиот да се прошири на останатите куќи кои се наоѓаат во околината, со оглед на тоа дека станува збор за густо населена средина.

 

Семејството Марковски кое остана без својот дом преку социјалните мрежи упати апел за помош со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства.

„За жал јас и моето семејство останавме и без тоа малку што ни остана. Би сакал да Ве замолам во името на целото мое семејство за помош. Огнот ни одзема буквално се, со нас е само облеката што беше на нас, немаме ниту финансии за основни работи. Комшии мои доколку сте во можност да ни помогнете со облека, храна, млеко, пелени и хигиенски средства ќе ви бидам благодарен. Господ да Ве чува“, стои во објавата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.