Колумни

AПЕЛ ОД ОТЕЦ ОЛИВЕР: НЕ МОЖЕМЕ СЕКАДЕ МОРАТЕ И САМИ ДА СИ ПОМАГАТЕ МЕЃУСЕБНО

Секојдневно нѝ пристигаат многу апели за помош… За опожарени домови, за луѓе кои живеат на работ на егзистенцијата, за луѓе кои се премногу болни и живеат на улица, за собирање финансии за деца кои мора да се оперираат… Се соживуваме и тагуваме со сите, но за жал не можеме да помогнеме иако би сакале веднаш да ги вдомиме бездомните, да ги излечиме болните, да ги нахраниме гладните, да ги насмееме и израдуваме тажните, да им дадеме правда на обесправените…
Многупати го кажувам моето мото: Ако не си помогнеме едни на други, нема кој да помогне. А сепак веќе цела недела молиме за работници да го завршиме кровот на семејството од Врапче и не се пријави ниеден човек… Неколку дена молиме за волонтери да подигнеме и однесеме покуќнина на семејството кое се опожари минатата година во Куманово… И повторно не се пријави никој! Многумина нѐ означуваат кога некој ќе упати апел за помош, но со означување не се завршува работата…
Денес добивме апел за два случаи: за болен бездомник од Битола и за Борче од Пржино…
Борче ќе го посетиме утре и ќе му доставиме храна и хигиенски средства, но како да му помогнеме за вклучување на струјата и водата кога немаме финансиски средства? Дали ЕВН и Водовод ќе пропаднат ако одвреме навреме простат некој долг?
И како да му помогнеме на бездомникот, а немаме сместувачки капацитети? Не дека не сме барале да нѝ доделат некој објект кој би го реновирање и адаптирале…
И каде е државата во сето ова? Каде е премиерот, претседателот, министрите, замениците министри, пратеници…? И каде сме ние, народот? Зар не треба да си помагаме и да си се најдеме едни на други?

Фотографија на Oliver Petrovski.

Фотографија на Oliver Petrovski.

Македонија

Заболени
25,473
Мртви
874
Излечени
18,047
Активни
6,552
Last updated: 23/10/2020 - 10:41 (+02:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker