МакедонијаТОП

Апасиев прашува кога Соколот ќе добие шут у ду*е како организатор на тепачите од Мечкин Камен?

Левица: МИНИСТЕРОТ ТУПАНЧЕВСКИ ДА ГО РАЗРЕШИ ФИЛИП АНДОНОВ ПОРАДИ ЗАКАНИ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА

t

,,МИНИСТЕРОТ ТУПАНЧЕВСКИ ДА ГО РАЗРЕШИ ФИЛИП АНДОНОВ ПОРАДИ ЗАКАНИ И ЗЛОУПОТРЕБА НА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА.

Вчера целата јавност беше сведок како незаконски и брутално се злоупотребува полицијата, затворската полиција, како и началници, заради заштита на партиската врхушка на СДС!
Нашиот истакнат член на Централен Комитет, ИГОР СМИЛЕВ, беше малтретиран од затворската полиција под директива на директорот на затворот на Шутка, Филип Андонов.

Откако беа опколени од страна на насилниците на Андонов и им беа изречени неколку закани, на нашите членови, спротивно на сите законски овластувања, од страна на затворските полицајци, кои не беа во униформа, им беше побарано да се легитимираат.

Членовите на Левица побараа прво насилниците да покажат легитимитација, кои продолжија со навреди и закани. Сето ова кулминираше со физичко насилство, при што нашиот член Игор Смилев беше турнат на земја!
Ангажирање на затворска полиција за јавни настани е директно прекршување на законските прописи, со што истата се злоупотребува за тесно партиски интереси.

Го прашуваме министерот Оливер Спасовски зошто МВР не интервенираше кога цивилни лица се закануваа и бараа легитимации од присутните на манифестацијата?
Дали вчера затворската полиција, која е со ограничени овластувања, спротивно на законите беше ставена во служба на МВР и партискиот врв на СДС?
Јавно бараме од министерот за правда Никола Тупанчевски да го разреши директорот Филип Андонов и да испита кои се лицата кои малтретираа и се закануваа на активисти на Левица и неовластено бараа да се легитимираат.

Јасно е дека секоја диктатура во нејзиниот залез се користи со најрепресивни методи и заплашувања, за очајнички да ги спаси своите последни денови на власт. Гневот на народот расте секојдневно кон хибридниот режим и блиску е денот кога сите овие извршители на погубните политики ќе бидат извадени пред лицето на правдата.
Нашата порака е јасна: Ниту бараме милост, ниту ќе добиете милост кога нашето време ќе дојде! ” , велат од Левица.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.