Забава

Aпасиев: Калето го дава, Груби не го дава

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев вечерва во негов стил со доза на сарказам повторно ја коментира оставката на премиерот Зоран Заев.

„Калето го дава, Груби не го дава“, напиша Апасиев на социјалните мрежи.

Тој вчера го нарече Заев пишман аџија.

Инаку, вицепремиерот Артан Груби рече дека оставката на Заев била избрзана. Коалиционите партнери на СДСМ вчера потврдија дека мнозинството е стабилно и дека на Македонија не и се потребни предвремени избори.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев се уште не ја доставил оставката од лидерската позиција ниту од партијата, дознава „Фокус“.

-Органите на партијата, заедно со претседателот, работат на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата, велат од СДСМ.

Одлуката за распишување предвремени партиски избори ја носи Извршниот одбор на СДСМ, а со носењето на таа одлука се одредува и датумот за нивно одржување.

Вонредните избори се спроведуваат на начин и процедура како редовните избори, а се распишуваат во случај на поднесување оставка на претседателот на СДСМ, со изгласување недоверба или со престанок на функцијата по кој било друг основ.

Одлука за распишување на предвремени избори донесува Извршниот одбор на СДСМ, најдоцна во рок од 15 дена од денот на престанок на функцијата.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.