Занимливости

АНКЕТА: Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Аеродром и Ѓорче Петров пијандурата од Ѓорче не мора да искача од Кармин Кама на двоцевката Трајче и онака е по цел ден таму пие и моча сал

АНКЕТА: Убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Аеродром и Ѓорче Петров

Институтот „АКСИОС“ го објави и четвртиот дел од спроведената анкета во врска со локалните избори. Резултатите покажуваат победа на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и во Битола, Аеродром и Ѓорче Петров.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Битола, покажуваат дека во оваа општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 23.6% од испитаните граѓани. Зад Коњановски е кандидатот на СДСМ, Христо Кондовски за кој довербата ја дале 19,1% од граѓаните.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Аеродром покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24,2% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски за кого 18,9% од испитаниците кажале дека ќе гласаат за него.

Резултатите од анкетата, во делот за општина Ѓорче Петров покажуваат дека во оваа скопска општина најголема доверба ужива кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојкоски.

За него се изјасниле дека ќе гласаат 24,8% од испитаните граѓани. Зад него е кандидатот на СДСМ, Александар Наумоски за кого 19,2% од испитаниците кажале дека ќе гласаат за него.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.