КолумниТОП

Анѓушев лаже и за Швајцарија!

„Никој не очекува земјава преку ноќ да стане Швајцарија, но битно е дека е направен првиот чекор, а тоа е зголемувањето на директните странски инвестиции кои во 2018 година достигнаа до 624,49 милиони евра, што е за 276 отсто повеќе од претходните осум години или речиси двојно повеќе од најдобрата година во последните десет години“, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

 

Но, за волја на вистината, Анѓушев не само што погрешно верува дека директните странски инвестиции ќе го подобрат општиот перформанс на македонската економија, тој сака да веруваме дека Швајцарија е работнички рај кон чиј животен стандард граѓаните и владата на Република капиталистичка Македонија треба да се стремат по секоја цена, де преку директните странски инвестиции толку промовирани од десничарот Анѓушев, де преку прогресивното даночење толку промовирано од „левичарите“ Тевдовски и Јовановиќ, а вистината и кога не знае да се брани од клеветничките удари на овие владини хохштаплери и караконџоли, таа упорно стои исправена: 530 000 Швајцарци се сиромашни, а Македонците се меѓу најсиромашните во Европа.

 

Околу 530 000 луѓе во Швајцарија или 6.6% од популацијата имаат доход под границата на сиромаштија според статистичките податоци од 2014 година. И над еден милион луѓе се во ризик да западнат во сиромаштија. Сепак, споредено со земјите од ЕУ, Швајцарија стои добро.

Животниот стандард во Швајцарија бил исто така еден од највисоките во Европа во 2014 година. Само Норвешка и Луксембург може да се натпреваруваат со Швајцарија. Ако ги земеме предвид разликите во цените, доходите во Швајцарија се уште 1.7 пати повисоки од тие во Италија и 1.3 пати повисоки од тие во Германија или Франција.

 

9.7 проценти од популацијата во Швајцарија немаат пари да поминат седмица некаде надвор од земјата (просекот во ЕУ е 36.9 проценти). За индивидуи во фамилии со еден родител, овој процент е 22.6 проценти. 1.7 проценти од Швајцарците не може да си дозволат цел оброк како месо, риба или вегетаријански оброк секој втор ден.

 

123 000 од 530 000 сиромашни Швајцарци биле вработени или 3.3% од популацијата.

 

Во 2014, класната нееднаквост во Швајцарија била под европскиот просек: износот на доходот на најбогатите 20 проценти бил 4.4 проценти поголем од тој на најсиромашните 20 проценти. Споредено со европскиот просек, оваа бројка била 5.2.

 

Најголеми класни нееднаквости биле забележани во Србија, Македонија, Романија и Шпанија. Најмали класни разлики имало во Исланд и Норвешка.

 

Томислав Захов, магистер на технички науки



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.