Македонија

Ангелов поддржува референдум

Проблемот со Бугарија е непосакуван проблем од којшто целата држава трпи огромна штета, вели директорот на ЦУК и лидер на Достинство, Стојанче Ангелов. Тој вели дека е отворен по прашањето за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија.

-Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам било какво референдумско прашање – рече Ангелов на Канал 5.

Според него, прашањето би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци“.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.