Македонија

Андов контра Зибери: Во затворот има вода за пиење, достапна за сите ама кошта бе нема ништо џабе 100 евра шишенце мало

pa jas mora milioni da napraam mama Roza da seta po banji

Директорот на истражниот затвор „Скопје“, Филип Андов го демантира Народниот правобранител Насер Зибери дека во просториите каде се сместени притворениците нема вода. Андов посочува дека водата е достапна за сите, а ваков проблем нема. За забелешките од Национален превентивен механизам во однос на условите во притворското одделение, Андов посочува дека е постапено според насоките.

„Најодговорно тврдам дека во затворот Скопје има вода за пиење, достапна за сите“, вели Андов. На прашањето зошто биле затекнати шишиња со вода при посетата од Народниот правобранител, директорот додава: „Во затворот има куќен ред за тоа колку пати следува одржување на хигиена, по утврден ред. Некои од притворениците си греат вода за да одржуваат хигиена во рамките на просториите каде се сместени. Други, греат за да се измијат со топла вода, за да исчистат“.

Во затворот „Скопје“ нема простории кои се лоши, посочува директорот Андов. Иако ова е наведено во извештајот на Народниот правобранител дека вакви простории се затекнати, директорот е дециден дека се реконструирани па одново пуштени за употреба.

„Тие три простории кои пред година дена се виде дека не се по стандарди и беа запечатени од Народниот правобранител, веднаш ги реконструиравме и пушивме одново за издржување на притвор“, посочува Андов.

Народниот правобранител во годишниот извештај посочи дека затворениците во скоро сите затвори се жртви на нехуман и деградирачки третман поради состојбата со просториите каде се сместени.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.