Македонија

Ана Петровска од Зелен хуман град го демантира Заев: Не правиме пазар за вториот круг!

Ана Петровска, независен кандидат за градоначалник на Скопје, предложен од иницијативата Зелен Хуман град, ја демантирам изјавата на Зоран Заев, дадена при неговото гостување во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, дека има каков било договор за поддршка за неговата партија во вториот круг во Скопје.

Јас сум независен кандидат предложен од иницијативата Зелен хуман град и се изборив за правото да се кандидирам за градоначалник со собрани 1.000 потписи. Јас и Зелен хуман град не сме поддржани, ниту поддржуваме било која политичка партија! Затоа, најостро реагираме на обидите за доведување на гласачите во заблуда дека сме дел од пазарењето што го прават повеќето политички партии за овие локални избори!“

Зелен хуман град ужива огромна поддршка и симпатии за своето активистичко делување и со критиките на штетните политики на Градот Скопје. Граѓаните ги отфрлаат партиските манипулации и не дозволуваат да продолжи бетонизацијата на градот, сечењето дрвја и расфрланиот отпад. Затоа партиски гласноговорници се насочени кон дефокусирање на гласачите – делегитимирање на нашата независност и наше поврзување со политички партии од власта и опозицијата, се вели во соопштнието на иницијативата и се додава:

Партиите постојано се договараат на штета на граѓаните: неодамна парламентарните партии, се обидоа противуставно да го изменат Изборниот законик и да наметнат да се собираат 10 пати повеќе потписи за независните листи да добијат право да учествуваат на избори. Опозициска партија се договори со големите партии 7 отсто медиумски простор да добијат опозициските парламентарни партии без пратеничка група, а само 3 отсто да делат партиите вон парламентот и независните кандидати. Ние не се пазариме со гласовите на скопјани, бидејќи сите ние сакаме Скопје да стане Зелен хуман град. Имаме визија, знаење и искуство и нашата понуда е препознена од скопјани. Тоа ќе се покаже и во првиот и во вториот круг од гласањето.



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 04:18 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.