АЛИ АХМЕТИ: ГРУБИ БЕШЕ ПРЕВЕДУВАЧ ВО ЖОЛТАТА КУЌА КОЈ ОРГАН КАКО ДА СЕ СЕЦНЕ И ДА СЕ ПРОДАДЕ НЕ СЕЧЕЛ ОН ИМАШЕ КАСАПИ ЗА ТОА
Во текот на изминативе денови во Тирана се дебатира за улогата на ОНА Косово и обвинетите команданти каде потпретседателот на Демократската партија на Албанија Еди Палока, тврди дека премиерот Еди Рама и руското Министерство за надворешни работи се единствените кои сè уште зборуваат за Жолтата куќа, во која според повеќе извештаи се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА за време на косовскиот конфликт.
Филолошкиот факултет во Скопје да се преименува од Блаже Конески во Артан Груби, бидејќи Конески иако еден од авторите на граматиката, никогаш не успеа да стане „прв вицепремиер“, како што Груби беше удостоен со измислена титула од страна на премиерот Зоран Заев. И тоа му успеа не со пишани книги и научни трудови, туку… со преведување во досега „непостоечката“ жолта куќа во која илегално се ваделе органи од заробеници во војната на Косово и се тргувало со нив.
Останува прашањето дали ова признание на лидерот на ДУИ Али Ахмети кој се соочува со средба со судот во Хаг повлекува по истиот пат да тргне и неговиот омилен сопартиец Груби, или се работи за некоја друга медиумска страгегија, која нормален и логичен ум не ја разбира…
Неколку медиуми објавија дека еден од можните сведоци би можело да биде и Артан Груби, актуелен прв потпретседател на Владата на РСМ.
Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, Ахмети одговори на ова прашање, и кажа дека улогата на Артан Груби била само како преведувач и ништо повеќе од тоа.
Ахмети исто така кажа дека не му е пријатно затоа што смета дека се напаѓа мисијата на тогашната ОНА која се бореше за права и слобода на албанците во Косово.
