Македонија

Ако власта продолжи со валканите игри, граѓаните на Македонија ќе излезат на улици, најави првиот синдикалец

„Ова што се штрајкуваше, тоа ќе се нотира во Годишниот извештај на Меѓународната организација на труд, ова ќе се нотира пред Европскиот Парламент бидејќи ние таму имаме наши претставници“, истакна Дарко Димовски, претседател на ССМ во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Димовски додаде дека во Европскиот Парламент јавно ќе се презентира дека во Македонија се случило да синдикатот и Владата постигнале начелен договор, но не се исполнил од страна на власта. Односно по постигнување на начелен договор Владата на синдикатот рекла „пу пу не важи“.

И децата не можеш да ги излажеш, а не да излажеш за вакво егзистенцијално прашање. Значи ова ќе биде тежок удар према Владата на Македонија, со ова што го направи на работникот и што уште го прави со игнорантскиот однос“, појасни тој.

Тој посочи дека власта не знае со што се игра, ако продолжи со валканите игри, никој нема да може да ги спречи работниците односно македонскиот народ да излезе на улица да ги бара своите права.

Јас еве јавно кажувам без нас не може Владата да прави ништо, ниту пак методологија. И да дојдеме на маса да потпишеме нешто што некој друг го правел, а ние не сме учествувале и не знаејќи ги нашите потреби и нашите барања тоа не оди во обѕир. Ако мислат да флертуваат со стопанските комори, а ние да им бидеме декор, или ако мислат дека треба да се помогне само на работодавачите, а работникот да чека да дојде јануари 2023 година, па ние ако немаме да преживееме октомври – ноември зар мислите дека тогаш некој ќе ги спречи работниците и македонскиот народ да излезат на улица. Власта не знае со што се игра“, рече Димовски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.