Свет

АКО ПУТИН УПОТРЕБИ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, АМЕРИКА ЌЕ ВОЗВРАТИ РАЗОРНО: Ќе бидат срамнети Црноморската флота и базите на Крим, предупреди генералот Хоџис

„Америка ќе возврати со разурнувачки напад врз руската војска доколку Владимир Путин употреби нуклеарно оружје во Украина“, предупреди пензионираниот американски генерал Бен Хоџис, поранешен командант на копнените сили на американската армија во Европа.

Тој рече дека секој американски одговор можеби нема да биде „нуклеарен“, но предупреди дека ако Путин користи нуклеарно оружје во Украина, САД треба да гледаат да ја уништат руската Црноморска флота или руските бази на полуостровот Крим, наведува Daly Mail.

Оваа изјава на пензионираниот американски генерал, кој неодамна и се закани на Русија со уништување и поделба, дојде откако рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација и изјави дека доколку е потребно, Русија ќе го искористи сето расположливо оружје, вклучително и нуклеарното. Генералот Хоџис, кој командуваше со американската војска во Европа од 2014 до 2018 година, вели дека е малку веројатна можноста Путин да нареди нуклеарен напад врз Украина, но додаде дека употребата на какво било стратешко оружје за масовно уништување ќе предизвика брза и остра реакција od САД.

„Тој (Путин) знае дека ако Русија користи нуклеарно оружје, САД ќе мора да одговорат“, изјави Хоџис за Дејли Меил.

„Одговорот на САД можеби не е нуклеарен… но многу добро би можел да биде разурнувачки напад кој би можел, на пример, да ја уништи Црноморската флота или руските бази на Крим. Така, мислам дека претседателот Путин и оние околу него нема да бидат подготвени да ги вовлечат САД директно во конфликтот“.

Генералот Хоџис рече дека е јасно дека инвазијата го земала данокот поради недоволно опремената војска на Путин.

Тој рече дека ќе поминат „месеци“ пред руските резервисти да бидат „соодветно опремени“ и да бидат распоредени во Украина

„Без тешка артилериска поддршка, овие нови војници ќе бидат чисто топовско месо, ќе седат во ладни, влажни ровови оваа зима додека украинските сили продолжуваат да притискаат“, додаде тој.

„За жал за овие војници, руската артилерија станува се помалку ефикасна поради украинските удари врз логистичкиот систем што носи муниција до оружјата.

ФОТО: EPA



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.