Македонија

АКО НЕ ДОБИЕ ПОДРШКА ОД ВМРО МИТКО ЈАНЧЕВ КО НЕЗАВИСЕН ЌЕ ОДИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

Митко Јанчев градоначалникот на Кавадарци кој е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но е надвор од органите на партијата заради несогласувања со раководството, за „А1он“ изјави дека повторно ќе се кандидира за градоначалник и неговата кандидатура ќе ја поднесе во партијата.

Јанчев вели дека не знае дали ќе ја добие поддршка од партијата, но и доколку му свртат грб тој ќе оди сам на изборите.

„Јас сум ВМРО-ДПМНЕ и никогаш идеолошки не сум се откажал од тоа. Мојата кандидатура ќе ја поднесам, а нивно е дали ќе ми дадат поддршка. Во мојата општина имам одличен рејтинг и самите граѓани ми кажаа дека ќе ми се налутат доколку не се борам за втор мандат. Не сакам да ги изневерам ниту луѓето кои ме поддржуваат, ниту пак моите сопартијци. ВМРО-ДПМНЕ губи ако им го врти грбот на луѓето кои уживаат доверба кај гласачите и редно е оваа раководство да го разбере тоа. Никогаш не сум се откажал од ВМРО-ДПМНЕ и нема да го направам тоа, но кога треба да се критикува повторно ќе го правам тоа и јасно ќе го изнесам својот став“, вели Јанчев за „А1он“.

Некои од блиските идеолошки партии до ВМРО-ДПМНЕ се вратија кај Мицкоски, но и тие имаат свои ставови кои бараат да бидат испочитувани за да останат внатре. Јове Кекеновски од ФРОДЕМ на Мицкоски му порача доколку на листите постави градоначалници послушници, наспроти квалитетни кадри и не ја надрасне својата суета не може да очекува победа на изборите.

„Ние како фракција влеговме внатре и во принцип застанавме зад луѓето кои се бореле против груевизмот, против апсолутизмот и криминалот. И стоиме на тој став. Имаме листа со сериозни кандидати кои ќе им ги му ги предложиме на Мицкоски, но ако не го испочитува тоа, тогаш друга песна ќе пееме.

Затоа му порачувам Мицкоски да не става кандидати послушници туку квалитетни луѓе без разлика дали се согласуваат со неговите ставови или не. Тие кадри треба да се соберат и да бидат внатре, затоа што тие не биле против партијата, туку имале несогласувања со одредени личности. Да ја надрасне својата суета и да си ја признае грешката, да ги повика квалитетните луѓе, ако се влијателни во своите средини, да застане зад нив и да им даде поддршка. Мора да направи сериозен исчекор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ не го вади ништо друго од оваа ситуација, освен победа на локалните избори“, порача Кекеновски.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 22:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.